Товарена е во кладилница Работнички - Охрид 8:2, ФФМ пријавила во МВР
23 јануари 2026
- Скандал го тресе македонскиот фудбал, откако челниците на Фудбалската федерација на Македонија добиле пријава за можна местенка на вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Работнички и Охрид (8-2).
- Индициите биле дека охриѓани намерно примале голови со цел да се исполнат одредени услови за игрите на голови во светските обложалници.
- Неофицијално, на овој пријателски меч биле свртени 70.000 евра. Сведоци кои го следеле мечот потврдуваат дека охридските фудбалери буквално стоеле за да примат голови.