- Четири трансфери поврзани со македонски клубови се најдоа на листата од Топ 100 најголеми ракометни селидби пред новата сезона 2026/2027. Традиционално пред почетокот на новата сезона, специјализираниот магазин Хандбал Планет ја објави листата на најзвучните 100 трансфери во европскиот ракомет.
- На самиот врв на листата се голманите Емил Нилсен (Данска) кој од Барселона се пресели во Веспрем, Дејан Милосављев (Србија) кој отиде во Кјелце и Доминик Кузмановиќ (Хрватска) што потпиша со германски Магдебург.
- Македонскиот боксер Ален Рустемовски го оствари веројатно најголемиот успех во досегашната сениорска кариера, откако се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во Софија.
- Нашиот боксер во четвртфиналето беше подобар од Ерменецот Базејан и обезбеди најмалку бронзен медал за себе и за нашата држава. Денешната пресметка ја доби на убедлив начин, со конечен резултат 4-1.
- За Рустемовски продолжува одличниот настап на Европскиот шампионат, каде претходно славеше победа и над Англичанецот Вилијам Хјуит со конечни 4-1. На Европското првенство во Софија настапуваат околу 400 боксери и боксерки од 40 земји, што дополнително ја нагласува тежината на успехот на македонскиот претставник.
- По неколку месечни нагаѓања каде ќе се одвива долго очекуваната борба меѓу најдобрите британски боксери во последниве две децении, конечни стигна потврда.
- Светскиот шампион Тајсон Фјури и поранешниот олимписки првак Антони Џошуа ќе боксуваат на стадионот „Милениум“ во Кардиф, во Велс. Овој дуел е закажан за 11. декември а ќе се одвива пред повеќе илјади гледачи.
- Тајсон Фјури има учинок од 36 победи (25 со нокаут), 2 порази и едно реми. Во меѓувреме Фјури боксуваше со 46-годишниот полски ветеран Мариуш Вах во летувалиштето Патаја во Индија. „Кралот на циганите“ победи дури на старт на 8-ма рунда откако од аголот на Вах фрлија пешкир за предавање.
- Џошуа, пак, изминатово лето преживеа тешка сообраќајна несреќа на автопат во Нигерија каде загинаа двајца негови пријатели и блиски соработници. 36-годишниот Џошуа по несреќата боксуваше со 35-годишниот Албанец Кристијан Пренга кого го нокаутираше уште во 2. рунда од мечот.