- Трофејниот 53-годишен италијански стручњак кој во досегашната тренерска кариера освои три скудета, два Суперкупа со Јувентус, титула во Премиер лига со Челси и скудето со Интер, сега е на прагот да добие отказ од Тотенхем.
- Некогашниот италијански селектор, прилично оправдано, распали на последната прес-конференција по мечот Тотенхем - Саутемптон на кој неговите фудбалери дозволија во самиот финиш да примат два гола и да прокоцкаат предност од 3-1.
- Конте не ги штедеше ниту играчите ниту управата, после што имал состанок со претседателот на Тотенхем Даниел Леви. Италијанскиот тренер се вратил во татковината додека трае репрезентативниот собир за Евро квалификации. Сè погласно се зборува дека Маурисио Почетино ќе се врати на местото на успехот како тренер на Тотенхем.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.