- Таткото на најдобриот светски тенисер на АТП ранг листата, Срѓан Ѓоковиќ во неделата бил примен во ургентен центар во Белград откако тешко ја повредил надлактицата при пад од столица додека хранел птици.
- Во посета на Срѓан веднаш дошло најтесното семејство меѓу кои и Новак кој во Белград се подготвува за продолжние од сезоната на земја и Ролан Гарос.
- Новото раководство на КФМ покрена иницијатива за промена на името на оваа организација.
- Куќата на кошарката сака да ја елиминира додавката „Северна“ и да не се вика повеќе Кошаркарска федерација на Северна Македонија.
- Како нови можни имиња е враќање на стариот назив Македонската кошаркарска федерација (МКФ), кое беше во употреба пред спорната одлука донесена пред шест години, што предизвика многу реакции.
- Иван Чупиќ е нов тренер на РК Вардар, кој доаѓа на местото на Гиљермо Милано, кој го загуби столчето после губењето на титулата на болен начин од Еурофарм Пелистер.
- „Сите го памтите Чупиќ како легенда на Вардар и кога на ПСЖ во последна секунда му даде гол. Што ме натера да го ангажираме е тоа што уште како играч искажуваше тренерски амбиции. По разделбата со Милано, добив желба да го ангажираме и тоа после еден разговор“, рече Михајловски кој се осврна и на Столе Стоилов.
- „Столе е легенда на Вардар, многу го ценам, мислам во овој моментот не спремен да го води тимот. Вратата за него секогаш е отворена. Тој е на годишен одмор. Дали ќе биде помошник или со некоја друга функција, ќе се договориме со него“.