- Иако од клубот официјално не соопштија дека е позитивен на коронавирус, Леброн Џејмс не играше во вторникот вечерта во победата на Лејкерс 117:92 против Сакраменто. Брон не настапи поради здравствени и безбедносни протоколи од НБА лигата, а неговиот соиграч Ентони Дејвис потврдил дека Леброн бил позитивен но асимптоматски.
- Интересен факт е дека Леброн Џејмс во првите 15 сезони во НБА пропуштил само 71 меч колку што пропуштил во последниве 4 сезони.
- The Athletic пишува дека лидерот на Лејкерс и еден од најдобрите играчи во историјата на НБА се вакцинираше во септември против вирусот, но дека сега ќе отсуствува најмалку десет дена или се додека не покаже два негативни теста во 24 часа.
- Леброн таман влезе во одлична форма и ја повлече својата екипа кон пар важни победи (Лејкерс имаат слаб учинок 12 победи и 11 порази), сега веројатно ќе ги пропушти дуелите на домашен терен со ЛА Клиперс и Бостон Селтикс и гостувањата кај Мемфис Гризлис, Оклахома Сити Тандер и Орландо Меџик.
- Сезонава Џејмс веќе пропушти 12 натпревари а екипата без него имаше учинок од 5 победи и 7 порази. Со него во тимот езерџиите забележаа 7 триумфи и 4 порази.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.