- Љубителите на боксерските дуели, особено оние во Британија ќе бидат презадоволни од веста дека е наскоро ќе има голема борба, дали меѓу поранешните светски шампиони од оваа земја Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, дали трилогија меѓу Фјури и Усик.
- Оваа борба Фјури-Џошуа беше најавувана со години, никогаш не се оствари и сега е прав момент за тоа,п ишуваат британските медиуми. Тајсон Фјури во последние неколку месеци на друштвените мрежи објавува како тренира редовно и се спрема за борба.
- Промотерот Франк Варен изјавил како Фјури сака уште една борба и со Александар Усик а Украинецот нема ништо против тоа. Фјури наводно рекол како не би чекал на одговор од Џошуа туку веднаш сака договорен реванш со Усик.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.