Стоилов: Со Бутел ќе помогнеме да имаме здрава репрезентација
2 април 2026
- Стојанче Стоилов и официјално e промовиран за нов тренер на Бутел. Фокусот на неговата работа ќе биде работата со младите ракометари.
- „Сакам да се заблагодарам на раководството за дадената шанса. РК Бутел одговара на моите амбиции и ова е тим каде што сакам да ја почнам тренерската кариера. Фокусот ќе биде на работа со млади, со цел да имаме една здрава репрезентација.
- Ангажманот во Бутел за Стоилов е негов прв како главен тренер, претходно беше дел од стручниот штаб на Вардар, а во овој момент исто така е дел од таборот на Кире Лазаров во репрезентацијата.