Српски стратег од Динамо Букурешт ќе ги води македонските одбојкарки
9 декември 2025
- Одбојкарската федерација на Македонија назначи нов предводник на женската репрезентација и тоа ќе биде српскиот стратег, Милош Гавриловиќ.
- Гавриловиќ кој е актуелен тренер на романскиот Динамо Букурешт стави потпис на договор од две години, а истиот може да биде продолжен.
- „Ги следев настапите на Македонија во Европската лига и квалификациите за ЕП 2026 и мислам дека екипата има талент и потенцијал. Работата со млади играчи, односно тимови е предизвик за мене и верувам дека со добра работа и трпение, можеме да стигнеме до резултати. Сакам кога и јас како тренер растам заедно со екипата. Моите обврски стартуваат веднаш, веќе ги следам настапите на дел од играчите и имам визија во која насока треба да биде работата со екипата. Планирам да дојдам и во Македонија за со новиот стручен штаб да имаме неколку состаноци и да ги дефинираме плановите и програмата во пресрет на првата акција во мај следната година. Се радувам на новиот предизвик“, изјави новиот селектор на женската репрезентација на Македонија, Милош Гавриловиќ.