- Во Германија ќе патува Вељко Бирманчевиќ, кој одигра фантастична сезона во дресот на Спарта Прага и како крило имаше 22 гола и 12 асистенции.
- Покрај стандардните Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Лука Јовиќ, во напад е повикан и Петар Ратков кој има 6 гола во дресот на Салцбург.
- Најголемите изненадувања се трите имиња од домашното првенство. Стојиќ и Спајиќ добија предност на стоперските позиции во однос на стандардниот Страхиња Ераковиќ од Зенит и младиот талент Јан Карло Симиќ кој ги направи првите чекови во Милан. Срѓан Мијаиловиќ, вториот претставник на Црвена звезда на листата, беше избран пред Саша Зџелар од ЦСКА Москва.
- Селекцијата на Србија првиот меч го игра на 16 јуни против Англија, на 20-ти се среќава со Словенија, а на 25-ти со Данска.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.