- Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ соопшти дека е одржан состанок на комисијата за избор за наследник на Боби Милевски.
- Предлогот до УО на ФФМ ќе биде доставен најдоцна до 25 декември. Во комисијата за избор на селектор се Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески.
- Како најсериозни кандидати се споменуваат Гоце Седлоски и Игор Ангеловски.
- Холандски Де Телеграф прв објави а потоа Џанлука Ди Марцио пренесе интересна вест: син му на Златан Ибрахимовиќ Максимилијан Ибрахимовиќ оди на позајмица од Милан во Ајакс.
- Досега 19-годишниот Максимилијан кој е роден во 2006-та во шведскиот град Лунд, постигнал сезонава 5 гола и 4 асистенции за младинскиот тим на Милан предводен од некогашниот бек Масимо Одо.
- Познато е дека славната кариера на Златан Ибрахимовиќ започна преку Малме токму во Ајакс каде имаше незаборавни настапи и од каде тргна во големите светски клубови.
- Денис Шрудер ќе пропушти три натпревари и ќе остане без 291.807 долари, кои ќе му бидат одбиени од платата која му изнесува 14 милиони долари годишно.
- Според Билд, кошаркарот на Сакраменто и капитен на Германија го чекал Дончиќ во близина на паркингот, но потоа со помош на соиграчите и обезбедувањето бил испратен во автобус.
- Двете ѕвезди влегле во жестока расправија за време на мечот, кој Лејкерси го добија против Кингси со 125:101. Потоа тензијата продолжила низ ходниците.