- Покрај информации за компромитирање натпревари, Омерагиќ на генералното собрание на ФФМ на 21 март зборуваше и за конкретно одлевање на пари од сметката на Федерацијата во времето на Сејдини и тоа во износ од 5 милиони евра во последниот месец од неговото владеење.
- При пререгистрација на фудбалери направена во декември 2024 година, во земјава биле регистрирани 44.996 фудбалери. За речиси една година, при пререгистрација во јануари 2026 имало 14.210. Бројки што упатуваат дека во земјава имало околу 30.000 лажни фудбалери.
- На Сејдини му е определен 30 дена притвор во Шутка поради сомнение дека на крајот од 2024-та прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, при изградба на трибина на стадионот во Охрид.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.
- Легендарниот Роберто Манчини повторно ќе седне на селекторското столче на Италија откако денес се договорил со првиот човек на Фудбалската федерација на оваа земја, Џовани Малаго.
- Првично откако Паоло Малдини и Леонардо добија функции во италијанскиот фудбалски сојуз, овие двајца го сакаа Андреа Пирло за нов селектор. Претседателот на федерацијата Малаго категорично го одбил тој предлог после што двајцата после само 16 дена заминале од функцијата зошто „зборот не им вредел“.
- За нов технички директор е назначен Клаудио Раниери.
- Роберто Манчини за некој ден ќе биде претставен како нов селектор на Италија. Тој веќе ги водеше аѕурите и им донесе европска шампионска титула во 2021 во епското финале против Англија на „Вембли“. Тој беше тренер и на Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит а ја водеше и селекцијата на Саудиска Арабија.