- Европскиот шампион Шпанија ја чекаат уште два дуели од Лига Нации. Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте на прес-конференција денес го објавил списокот на фудбалери за дуелите со Данска (во Копенхаген) и со Швајцарија (на Тенерифе).
- Нови фудбалери се младиот бисер на Барселона Марк Касадо (среден ред), Аитор Паредес (одбрана) од Атлетик Билбао и Саму Омородион (напад) од Порто. Тројцата доаѓаат наместо повредените Алеикс Гарсија, Хоселу и Кубарси.
- Саму Омородион е интересен напаѓач кој сезонава за Порто постигна 11 гола на 11 натпревари во Лига Европа и португалско првенство. Тој потекнува од академијата на Гранада. Во 2004-та година е роден во шпанскиот пограничен град Мељила каде имигрирале неговите родители од Нигерија. Мајка му при преселбата во Шпанија била бремена со Омородион кој има иста животна приказна како и браќата Вилијамс, Ињаки и Нико. Омородион започнал во школата на Гранада па стигна до Атлетико Мадрид кој минатото лето му правеше проблеми и не го пушти во Челси па тој тренирал сам одвоен од првиот тим.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.