- Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека донесе одлука за именување на г. Жозеп Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
- Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување, соопштуваат од КФМ и додаваат:
- Неговиот професионален ангажман вклучува работа во врвни европски клубови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други).
- Г. Берокал соработувал со некои од најголемите имиња во светската кошарка, меѓу кои: Светислав Пешиќ Чави Пасквал, Душко Ивановиќ, Јоргос Барцокас, Велимир Перасовиќ, Одед Каташ и Гордон Херберт, што дополнително го потврдува неговиот стручeн и професионален кредибилитет.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.