Се повлекоа Буфон и Гравина
3 април 2026
- Легендарниот Џиџи Буфон, кој беше шеф на делегацијата и беше назначен на таа позиција во 2023 година, реши да се повлече од репрезентацијата после дебаклот во Зеница.
- „Оставката една минута по завршувањето на натпреварот со Босна беше моја инстинктивна реакција. Длабоко во себе чувствував дека морам да го направам тоа. Спонтано како солзи и болка во срцето. Ми рекоа да размислам и да почекам. Сега кога претседателот Гравина се повлече, чувствувам дека и јас морам да дејствувам одговорно, иако мислам дека изградив многу за кратко време.“, рече Буфон
- Пред него тоа го стори и претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина под политички притисок, откако Италија трет пат по ред не успеа да се квалификува на Светско.
- „На сите им е јасно дека италијанскиот фудбал треба да се реформира, а процесот мора да започне со нови раководители во Фудбалската федерација“, изјави министерот за спорт, Андреа Абоди.