- Познатиот македонски кардиолог и член на Македонската академија на науки и уметности, Сашко Кедев бил дел од 24-члена експедиција која на 22 јули меѓу 8 и 9 часот по локално време во Пакистан го искачила вториот највисок врв на светот К2.
- Предводени од врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи (негово четврто искачување на К2), сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).
- К2 претходно го искачи и нашиот врвен Хималаист Здравко Дејановиќ од Скопје.
- Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.
- „Наша македонска болка е што генерално не знаеме да си ги цениме играчите, ниту стручњаците и многу сум свесен за тоа. Знаете за колкава плата е направен најголемиот успех на репрезентативно ниво? За 1.000 евра месечно, од кои четири плати не ми се доисплатени“.
- „И покрај тоа, среќен сум што за господинот Михајло Михајловски, јас сум тренерот кој го направил најсреќен и му го донел најголемиот успех за време на неговиот долгогодишен мандат како претседател на РФМ. Селекторите кои дојдоа после мене беа платени повеќекратно, како што налагаат европските стандардни“.
- „Во јавноста беше креирана атмосфера дека треба да се освои медал. Јас дадов неотповиклива оставка и направив простор да дојде тренер кој ќе го освои тој медал. Сè уште жалам за тоа што во сите овие години, не се повтори ниту приближно тоа што беше постигнато во мојот мандат, а медал не беше ниту споменат“, вели Шундовски во интервју за 24 ракомет.
- Таткото на најдобриот светски тенисер на АТП ранг листата, Срѓан Ѓоковиќ во неделата бил примен во ургентен центар во Белград откако тешко ја повредил надлактицата при пад од столица додека хранел птици.
- Во посета на Срѓан веднаш дошло најтесното семејство меѓу кои и Новак кој во Белград се подготвува за продолжние од сезоната на земја и Ролан Гарос.