Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Само после една година, Гундоган си оди од Барселона и се враќа кај Пеп

20 август 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Шпанските медиуми, во прв ред АС денес пишуваат дека Барселона и Илкај Гундоган се пред договор за спогодбен раскин на договорот, односно раскин на ничија штета. Каталонците наводно биле преоптеретени од висината на неговата плата и сакале што поскоро да се ослободат од Германецот со турско потекло.
  • Притоа и новиот тренер Ханси Флик му соопштил на спортскиот директор Деко дека не го смета Гундоган за дел од почетниот состав сезонава.
  • Гундоган во Барселона дојде во јуни минатата 2023-та а сега би можел да се врати кај Пеп Гвардиола во Сити со кого како капитен освои еден куп пехари. Гундоган во меѓувреме се простил и од германската репрезентација каде беше капитен на минатото Евро 2024.
  • Гвардиола него го смета за еден од најдобрите и најинтелегентните фудбалери и изјавил дека не би имал ништо против Гундо да се врати на „Етихад“ во новава сезона.
извор

Миовски пред Шкотска: Време е за заедништво - поддршката од публиката ни е ептен потребна!

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација и член на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс, Бојан Миовски, побара максимална сплотеност и најави поинаков пристап пред утрешниот дуел против Шкотска во Лигата на нации од 20:45 часот.
  • По воведните порази од Швајцарија и Словенија, нашиот голгетер верува дека излезот од резултатската криза лежи исклучиво во тимската игра. Свесен за притисокот по лошиот старт, Миовски потенцираше дека сега е моментот зборовите да се преточат во дела на зелениот терен.
  • „Секој период во репрезентацијата носи свои предизвици. Немаме посакувани резултати како што очекувавме, но сега сме во момент кога треба да покажеме заедништво. Можеме да зборуваме многу, да кажуваме било што, но сега треба да бидеме тим и тоа на дело да го докажеме на терен“, изјави Миовски.
  • „Ние играме дома и мораме да бидеме како еден колектив, не сме селекција која може да се потпре на индивидуален квалитет. Ако бидеме колектив, ќе се вратат резултатите. Фудбалот се игра за публика, колку е пополн стадионот, толку и самодовербата е поголема. Знаеме и свесни сме дека сме во криза, затоа ги повикувам сите навивачи да ни ја дадат поддршката сега кога е најтешко.“

извор

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • „Овие момци тука кои се, ве молам дајте им поддршка на сите. Ја подмладивме репрезентацијата, уште ќе подмладувам. Критиките нека одат кај мене, а јас по договор со федерацијата ќе подмладувам. Сакаме да создадеме нови играчи, го кажав тоа по мечот во Љубљана и на тој процес останувам до крај.
  • Играме во Лигата Б, не е дека селекторот се вади, туку факт е дека националните тимови се подобри. Кога доаѓав, знаев каде влегувам и знаев со какви репрезентации се игра. Кога игравме и во Лигата Ц се мачевме и во нападот и со головите. Работам, гледам, следам и знам што правам.
  • Спремни сме да излеземе на терен, да покажеме карактер и она што го играме во Словенија, од кое можам да бидам задоволен освен од резултатот, да продолжиме во тој ритам, да не се браниме.“, изјави Седлоски.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
5

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
6

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
3

Кој е стариот волк кој се справи со егото на Роналдо?

Фудбал
4

Насловна на денот

Фудбал
5

Шкотските навивачи имаат посебна култура на гостувања како никој друг

Навивачи
6

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

7

Ибра со свое видување за парите и Манчестер Сити

Фудбал
8

Волтемаде се посрамоти од два метри

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Тетовски јазични филиграни

Квалификации за коментирање по портали

Добро ве најдовме

Тинејџерите бегаат од Фејсбук

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy