- Педесет и едно годишниот шпански спортски новинар Алексис Мартин-Тамајо кој во кариерата работеше за Диаро АС, радио Онда Серо и шпанското издание на ЕСПН, сега стои зад светски познатиот профил на Х, МистерЧип.
- Тој често објавува неверојатни статистички податоци и занимливости, а сега последно објави дека Реал Мадрид во последните 4 сезони одиграл дури 12 продолженија во разни натпреварувања (пред се во Лига на шампиони и шпански Куп) и победил на дури 11 од нив!
- Реал играл 4 продолженија во сезоната 2021/2022, 2 продолженија во сезоната 2022/2023, 3 продолженија во 2023/2024 и до моментов 3 продолженија во 2024/2025.
- „Кралскиот клуб“ покажа дека има страшна екипна ментална снага и дека може да победи секого и секаде во пресудни моменти од продолженија или на пенали.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.