- Само неколку часа откако Лос Анџелес Лејкерс беше почистен од Оклахома Сити Тандер со 3-0 во полуфиналето на Западот, Лука Дончиќ кој не играше во серијата поради повреда, објави на друштвените мрежи дека летово нема да игра кошарка.
- Дончиќ го откажа својот планиран настап за Словенија во квалификациите за Светско првенство зошто сакал да помине повеќе време со своите ќерки, а во меѓувреме и да води правна битка за старателство над нив.
- Светската кошаркарска ѕвезда пред неколку месеци се раздели од својата вереница Ана Марија со која неколку години беше заедно и со која доби две ќерки. Откако се разделиле таа неколку месеци живее само во Словенија со ќерките и не одела во САД кај Лука.
- „Ги сакам моите ќерки повеќе од се и тие секогаш ќе ми бидат на прво место во животот. Додека продолжувам да работам на заедничко старателство над моите ќерки, бев принуден да донесам тешка одлука меѓу патување и играње за репрезентацијата на Словенија и престојот со моите ќерки летово. За жал ми беше исклучително тешко да ги видам во текот на изминатите осум месеци. Дадов се да ја претставувам Словенија и разочаран сум што ова лето нема да можам да играм за својата земја. Сепак во моментов моите ќерки и моите обврски како татко ми се приоритет“, напиша Лука Дончиќ.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.