- Една од најголемите тенисерки на сите времиња, освојувач на 23 Гренд Слем турнири, Американката Серена Вилијамс (40) успешно се врати на терените откако на турнирот во Торонто победи првпат после 14 месеци.
- На стартот од турнирот во Канада победи 6:3, 6:4 против Нурија Паризас Дијаз.
- „Изгледа дека гледам светло на крајот од тунелот и се поблиску сум до таа светлост, така што... Во последвно време тоа е тоа за мене. Некако не можам да дочекам да стигнам до тоа светло“, најави Серена крај на богатата кариера.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.