- Почнувајќи од денес за кога се закажани африканските квалификации за Мундијалот 2026 во САД, Мексико и Канада, па преку Азија и Океанија и Јужна Америка до Европа, неделава ќе биде предвидена за репрезентативен фудбал.
- Македонија игра во петок од 20:45 против Белгија во Гент на стадионот „Геламко Арена“ кој собира 20.200 гледачи и каде ќе има најмалку 1.000 македонски навивачи.
- Големити фаворити воглавно играат против послаби противници и на повидок нема големи дерби средби.
- Завршувањето на УС опен донесе големи промени на АТП-листата, а најголемо внимание предизвикува падот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер од денеска повеќе не е меѓу десетте најдобри тенисери во светот.
- Јаник Синер останува прв со 11.500 бодови, но неговата предност пред Александар Ѕверев е значително намалена. Германецот по освојувањето на Отвореното првенство на САД стигна до 8.990 бодови и дополнително се доближи до лидерската позиција.
- Карлос Алкараз ја задржа третата позиција со 5.560 бодови.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.