- Кошаркарската федерација на Македонија на крајот на овој месец ќе добие нов претседател, но тоа нема да биде Младен Ѓуроски како што досега се потенцираше, туку Томица Главчев.
- Станува збор за успешен бизнисмен, со големо педигре во кошарката и творец на чудото наречено Блокотехна, клуб кој е само еден од двата во нашата држава кој може да се пофали со трофеј на меѓународно натпреварување.
- Тој и претходно беше дел од макбаскетот, како помагател на МЗТ Скопје во времето кога овој тим почна да доминира во АБА, а е еден од ретките во Македонија кој може да се пофали дека бил дел од спонзорскиот тим на поранешниот европски шампион, Партизан.
- Собранието за смена на Перо Антиќ и за избор на Главчев за нов претседател ќе се одржи на 30 април (среда) во „Борис Трајковски“.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.