- „Се фатив за врат и не можев да зборувам. Му пријдов на судијата и се обидував да му кажам каков е проблемот, но немав глас“.
- „На полувреме во соблекувална застанав пред огледало и видов дека гркланот ми стои на страна. Докторот на клубот влезе во соблекувална и ми го помести гркланот по што можев да зборувам“.
- „Се јавив кај моето семејство да се збогувам. Испратив порака во групниот разговор со колегите дека им посакувам среќа во кариерата. Мислев дека нема да се спасам“, изјави Џенан Муса во април годинава, кој беше јунак против Словенија.
- Најдобриот светски тенисер на сите времиња според многумина, Новак Ѓоковиќ во објава на Инстаграм му честиташе победа против Велс на неговиот добар пријател Един Џеко со натпис: „Браво Едине, браво БиХ!“, а сега допатувал во Босна и Херцеговина за да го следи дуелот БиХ - Италија.
- Овие две селекции вечерва од 20:45 ќе играат на стадионот „Билино Поље“ во Зеница за пласман на Светско првенство 2026.
- Ѓоковиќ го искористил патот во БиХ и по седми пат да отиде кај фамозните „Босански пирамиди“ каде домаќин повторно му беше Семир Османагиќ.
- Легендарниот голман и капитен на репрезентацијата на Бугарија и долгогодишен претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михаилов починал утрово во Софија. Тој почина на 63 години после долго боледување.
- Михаилов од минатата година беше во вештачка кома и не успеа да преживее и покрај големите напори од лекарите и најблиското семејство, пишува бугарски ДСпорт.бг.
- Борислав имаше 102 натпревари за репрезентацијата и важи за најдобриот голман во историјата на Бугарија. Неговиот син Николај Михаилов исто така беше голман и капитен на бугарската репрезентација а токму тој ја соопштил тажната вест за татко му.
- Михаилов бранеше за Бугарија на Мундијалот 1986 во Мексико каде запиша 4 настапи и на кулното Светско првенство 1994 во САД каде Бугарите направија чудо, стигнаа до полуфинале а Борислав претходно во четвртфиналето против Мексико ги спаси со две бравурозни одбрани. Бранеше и за Левски, Белененшеш, Мулуз, Ботев, Рединг, Славија и Цирих.
- Од 2000-та беше член на Извршниот одбор на Бугарскиот фудбалски сојуз а од 2005-та го избраа за претседател, функција која ја вршеше цели 18 години пред да ја напушти функцијаа поради болест.