- Сајтот ФорФорТу состави листа од 32 познати, одлични поранешни фудбалери од кои ниту еден не освоил баш ниеден медал, ни трофеј, ни пехар.
- На листата фудбалери без освоен пехар во долгите кариери се играчи како Антонио Тото Ди Натале, Борха Валеро, Исмаил Урзаиз, Сократес, Џузепе Бепе Сињори, Јилдирај Баштурк, Мет Ле Тисие, Хулен Гереро, Стен Колимор, Бернд Шнајдер, Џони Хејнс, Лејтон Бејнс, Бруно Сориано, Дени Роус, Кристијано Дони и други.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.