- Шпанска Ла Лига го одобрила барањето на Валенсија и Леванте викендов да не играат фудбал поради стравичниот пожар кој во четвртокот во Валенсија однел најмалку 5 лица а по 15 сè уште се трага.
- Пожарот избувнал во два стана од една зграда и набрзо го зафатил целиот блок. Фудбалскиот клуб Валенсија во соопштение изразил длабоко жалење за настанот и упатил сочувство до семејствата на настраданите. Сочувства изразиле Реал Мадрид, Барселона и други шпански клубови.
- Валенсија требаше во сабота да гостува кај Гранада а второлигашот Леванте требал да ја пречека Андора седум часа подоцна.
- Синоќа околу 19 часот пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде КК Работнички играше против КК Скопје, додека навивачите на клубот од „Градски парк“ чекале да влезат во салата, со факели и други предмети биле нападнати од навивачи на МЗТ Скопје од групата „Фемили Аеродром“.
- Во физичката пресметка е повредено едно лице кое набрзо било префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Едно лице било приведено.
- На потегот од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина се поставени нови ознаки и патокази кои беа оштетени во август годинава, информираат од службата за односи со јавност при „Славков проект – Обележување на планинарски патеки во Македонија“, поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка.
- Од „Славков проект“ информираат дека по промоцијата следува и промотивно планирање со локални планинарски организации (повеќето од нив партнери во проектот), како и љубители на природата.
- „Групата ја предводеа локални планинари, заедно со врвниот чешки алпинист Марек Холечек – добитник на престижната награда ‘Златен цепин’ (Piolet d’Or) во два наврати и специјален гостин на тековниот филмски фестивал ‘EХO’ во Скопје“, се вели во соопштението.