- Само неколку часа по срамните навреди изговорени во авторската емисија на Дејан Анѓус на ТВ Арена Спорт, на сметка на потпретседателката на Партизан Милка Форцан, клубот решил да ја прекине соработката со Арена Спорт која е носител на тв правата за натпреварите во српската Суперлига.
- Анѓус постојано навредува во своите емисии, не бира зборови а последно за Милка Форцан рекол: „Делегацијата на Црвена звезда за прославата на роденденот на Партизан не ѝ врачила кита цвеќе на потпретседателката на црно-белите“.
- Овој прекин значи дека во иднина претставниците на Партизан - играчите, тренерите, челните лица на клубот нема да даваат изјави за споменатата телевизија која веќе не е добродојдена во нивниот клуб. Од друга страна преносите на натпреварите на ФК Партизан ќе продолжат како и досега на Арена Спорт зошто таков вид раскин на соработката не е можен по важечкиот договор на двете страни.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.