- Кошаркарската Суперлига на Македонија ќе стартува в петок со натпреварот меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и Маџари. Средбата која ќе ја крене завесата на новата сезона во првенството ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, а потоа колото ќе биде развлечено во четири дена од петок до понеделник.
- Регуларниот дел од првенството традиционално опфаќа 22 кола од почетокот на октомври до почетокот на април следната година. По завршувањето на оваа фаза најдобрите шест тима ќе одиграат само пет кола по „оролоџо“ систем. Најдобрите четири тима од оваа фаза ќе продолжат во плеј-офот за титула.
- Најтрофејна екипа во досегашната историја на Македонија е Работнички, ама тимот од „Градски парк“ е далеку од тоа ниво. Вкупно на „вечната“ листа Работнички има 15 трофеи, а МЗТ е втор со 12.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.