Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Почнува најбогатата втора лига на свет, ќе има и стадион со 62.500 гледачи

14 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Со натпреварот Вулверхемптон - Блекбурн (21:00) вечерва почнува новата сезона во најсилната и најбогатата втора лига на светот - англиски Чемпионшип.
  • Од Премиер лига во Чемпионшип испаднаа Вест Хем, Барнли и Вулверхемптон кои ќе пробаат експресно да се вратат. Од Лига 1 (трета лига) во втора влегоа Линколн Сити, Кардиф и Болтон а во трета лига од Чемпионшип испаднаа Оксфорд, Лестер и Шефилд Венздеј. Во Премиер лига се пласираа Ковентри и Ипсвич како прв и втор и Хал кој стигна до огромен успех преку баражот.
  • Стадионот на Вест Хем може да прими најмногу гледачи во најбогатата втора лига на свет, точно 62.500. „Риверсајд“ на Мидлзброу собира 34.712 гледачи а најмало стадионче има Рексам со 10.771 седечки места.
  • Ова ќе биде 35-та сезона како што ќе се игра во формат од 24 екипи во 46 кола. Новост е повеќе клубови во баражот.
  • Суштински, ќе се игра како и досега: првиот и вториот на крајот ќе одат директно во Премиер лига. Во баражот досега играа третиот, четвртиот, петиот и шестиот тим на табела кои се бореа преку полуфинале и финале а сега на таа група ќе им се придружат и екипите на седмо и осмо место.
  • Третиот и четвртиот на крајот ќе играат во полуфинале на бараж, петтиот ќе игра против осмиот, а шестиот со седмиот и победниците од тие два меча ќе играат против победникот од третиот и четвртиот тим на табела во полуфинале.
извор

Португалија добива нова седумка откако Роналдо си замина

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Потресот кој го предизвика заминувањето на Кристијано Роналдо од базата на репрезентацијата на Португалија, револтиран од односот на селекторот Жорж Жезус кој го загреваше 30 минути на натпреварот против Норвешка па не го стави во игра и го врати на клупа, уште трае.
  • Оваа вест е главна на сите светски спортски медиуми.
  • А во меѓувреме од фудбалската репрезентација на Португалија стигна нова вест дека седумката на Роналдо веќе му ја дале на Рафаел Леао за натпреварот против Данска вечерва во Копенхаген.
  • Леао седумка носел во младинските категории како и во Спортинг и во Лил. После Милан Рафаел Леао летово во богат трансфер отиде во Галатасарај. Кариерата на крилниот напаѓач е во пад, неговата форма драстично опадна во Милан каде ни од близу не ги пружаше партиите од првите денови во клубот. Тој за сега и во Турција не ја почна добро сезоната и не делува воопшто на играч кој прави разлика на теренот.

Добар пријател на Кристијано Роналдо открил што се случувало во кампот на Португалија

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

извор

Селекторот на Словенија по победата: „Не паѓаме во еуфорија, Македонија не е баш при фудбалскиот врв“

30 септември 2026
  • Share
  • Post
  • По триумфот на Словенија 2-0 над Македонија на стадионот „Стожице“ во Љубљана, словенечкиот селектор Бостјан Сезар после натпреварот зборувал подолго пред новинарите, а меѓу другото кажал:
  • „Честитки до момците, но ова е само почеток. Мора да раснеме од натпревар во натпревар. Едноставно не смее да има еуфорија. Победата е добра, ја остваривме против добра екипа, но Македонија не припаѓа баш на самиот врв на светскиот фудбал“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

Пратете му на некој со BMW

Онака
1

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
2

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
3

Добар пријател на Кристијано Роналдо открил што се случувало во кампот на Португалија

Фудбал
4

Ѓоковиќ има нов начин на делење автограми

Разно
5

Жезус: Правилата се исти за сите, Роналдо ми рече дека ако треба ќе седи на клупа

Фудбал
6

Седло после шест меча без постигнат гол

Фудбал
7

Ибра со свое видување за парите и Манчестер Сити

Фудбал
8

Почнаа мајтапите со случајот Манчестер Сити

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Off

Поинаква кино димензија

Јазикот ги чува границите?

И ќорав Трамп убоде анализа

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy