- Првиот голем Мастерс 1000 во сезоната ќе се игра во култниот Индијан Велс каде ќе се соберат најдобрите тенисери на денешницата. Прв фаворит за титулата е светскиот рекет бр.1 Шпанецот Карлос Алкараз кој има два шампионски трофеи од 2023 и 2024.
- Алкараз ќе почне од 2. коло каде ќе се сретне со подобриот од дуелот Теренс Атман - Григор Димитров.
- На Индијан Велс ќе играат и петкраниот шампион на овој турнир Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, Димитар Медведев (ако стигне од Дубаи во САД на време), Александар Зверев, Лоренцо Музети, Андреј Рубљов, Феликс Ожа-Алијасим, Џек Дрејпер, Хурберт Хуркач, Карен Хачанов, Јакуб Меншик, Бен Шелтон и други...
- Новак Ѓоковиќ има мошне тешка ждрепка. Почнува од 2. коло и уште тогаш може да налета на незгодниот Џовани Перикар, тенисер со најсилен сервис на свет во денешниот тенис. Французинот (22) е висок 2,01 метар и има разорен сервис понекогаш и до 240 км на час. Минатата година стана рекордер на Вимблдон со испален сервис од 246 км/час.
- Кај жените фаворит број 1 е најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка, но ќе има големи ривалки на теренот во Елена Рибакина, Џесика Пегула, Елина Свитолина, Наоми Осака, Коко Гауф, Ига Швјонтек и Викторија Мбоко. Титулата ја брани младата Русинка, минатогодишната шампионка Мира Андреева.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.