- На Делибашиќ пред две години му беше констатиран тумор на мозокот, денеска ја загуби тешката битка и замина на само 43 години.
- За Црногорците, прва асоцијација за Андрија е голот против Англија во 91-вата минута на мечот во октомври 2011 година, со кој ја однесе својата репрезентација во баражот за Европското првенство.
- Во Партизан ќе остане запаметен како прв стрелец во сезоната во која белградскиот тим играше во ЛШ против Реал Мадрид, Марсеј и Порто. Таа сезона Порто стана европски првак, а Делибашиќ на екипата предводена од Мурињо им даде два гола.
- Играше и за Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, Беира Мар, Реал Сосиедад, Еркулес и Рајо Ваљекано, а настапуваше и во Тајланд за Рачабури, како и за црногорската Сутјеска.
- За репрезентацијата на Црна Гора одигра 21 натпревар и постигна 6 голови.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.