- За време на пријателски натпревар меѓу Раднички Лозница и Цер во неделата удрил силен гром на теренот и тешко биле повредени неколку играчи од двата тима. Најтешко поминал фудбалерот на гостите Драгиша Савковиќ кој се наоѓа во критична состојба и кој е префрлен на понатамошно лекување во Белград.
- По страшниот удар на гром, пишува Спортал, десетина лица паднале на земја. Лозница.инфро пишува дека присутните рекле дека времето нагло се сменило и невреме почнало оддеднаш.
- „Што да ви кажам... Не можам ни да зборувам премногу. Во шок сум. Во 20. минута од мечот само пукна. Малтене од ведро небо. Таква експлозија не сум слушнал во живот. Кога дојдов при себе, видов сцена која и сега ми е пред очи. Деца лежат непомично на терен. Тоа е страшно. Веднаш видов дека најтешко поминал Драгиша Савковиќ. Уште имаше чад околу него како кутрото момче да беше запалено. Ужасна сцена... Јас сум здравствен рабоник, го реанимирав на лице место. Слушам дека е во тешка состојба, се надевам со цела сила дека ќе биде добро. Не дај Боже никому да го доживее тоа што ние го доживеавме“, рекол Ненад Симиќ тренерот на домаќините.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.