photo: EpaImages
- Еден од најдобрите тренери на сите времиња, трофејниот Пеп Гвардиола минува низ не баш идеален период со својот Манчестер Сити. За првпат во својата тренерска кариера испадна во осминафинале на Лига на шампиони каде игра 16 сезони по ред.
- Сити и Гвардиола испаѓаат четврти пат од Реал Мадрид а трета сезона по ред ги елиминира Карло Анчелоти. Поради ова навивачите на Реал синоќа при триумфот 3-1 на реваншот, му пееле на Пеп: „Остани, остани“.
- „Да, да, да! Сакам да продолжам во Манчестер Сити“, одговорил Гвардиола на прашање на еден новинар. Тренерот има договор со Сити до 2027, на крајот од минатата година го потпиша новиот договор.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.