Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Пандев: Селекторот, спортскиот директор и претседателот на ФФМ ја растурија репрезентацијата

3 јануари 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Ми недостига македонскиот дрес, тој дрес што најмногу го сакам и ценам и за кој што играв од срце, од љубов... Но, знаеме во Македонија кој и какви луѓе го водат фудбалот. Затоа и сме на ова ниво. Нивното его е поголемо. Жално е што таму се некои луѓе што немаат врска со фудбалот и лечат лични комплекси“.
  • „Не знам баш дали сме на вистинскиот пат, зашто тоа го покажуваат резултатите. Жал ми е, но знам со каков квалитет располагаат фудбалерите во репрезентацијата. И јас најголемата вина за овие резултати ја гледам во претседателот (Муамед Сејдини – н.з.), спортскиот директор (Данчо Масев – н.з.) и селекторот (Благоја Милевски – н.з.). Нарушена е атмосферата зашто селекторот сака да гради имиџ врз фудбалерите со голем стаж во репрезентацијата. Сака да гради имиџ врз еден Аце Трајковски, кого по 20 минути го менува, врз еден Аријан Адеми, Стефан Ристовски, кои срцето и душата ја оставиле за оваа репрезентација. Знам што можат и што им значи националниот дрес, ама некои сакаат преку нив да градат авторитет и тоа е жално. Селекторот, спортскиот директор и претседателот ја растурија најквалитетната репрезентација. Јас сум кажал и стојам на тоа дека ова е најквалитетната репрезентација што Македонија ја имала, но не знам како во иднина ќе опстои“.
  • „Милевски може е роден за младата репрезентација, но не е за А-тимот. Милевски може да води младински репрезентации, да гради имиџ таму, да има негова кариера. Но, да зборуваш за професионален фудбал, треба да имаш нешто друго, треба да бидеш шмекер, фудбалерите да се чувствуваат слободни и да гинат. Тоа го имавме со Мрме. Имавме хемија, имавме другарство, навистина бевме семејство. Денес тоа го нема и недостига“, вели Горан Пандев
извор

Шкендија со навреда за христијаните го најави дербито со Вардар

22 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
  • Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
  • Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
извор

На списокот на Лазаров еден странец и еден интернационалец

21 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
  • Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
  • Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Стари, што беше бе тоа?

Видео
2

Јако мување

Балканштина
3

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

4

Запрете ја вештачката интелигенција!

Видео
5

Се моли премиерот да не биде наивен

Македонски рулет
6

Демек мангуп а?

Фудбал
7

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
8

Внучиња да не се гушкаат без дозвола

Разно
1

Демек мангуп а?

Фудбал
2

Антиќ: На Тони Паркер не му дадоа сепаре, на нас Македонците ни дадоа

Кошарка
3

Шкендија со навреда за христијаните го најави дербито со Вардар

4

Проектилот од четири агли на најскапиот играч во историјата на Реал

Фудбал
5

Ако на некој уште не му е јасно за Комо

Фудбал
6

ЕХФ: Херојот на вечерта е голманот на Вардар

Ракомет
7

Шоу во ЛА: Дончиќ погоди од паркинг, дебитантот Кеслер со подвиг како Шек

Кошарка
8

Вардарова лекција среде Франција

Ракомет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

ТВ дефиниција за општонародна среќа

Дијагноза за „Западен“ Балкан

Роден град

Па што, да не не боли толку?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy