- Новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ најави дека нема да има смена на селекторската функција, тоа може да се случи само ако резултатите во иднина не бидат добри.
- „Немам намера да влечам нефудбалски потези. И покрај кризата во играта, ние бевме први во групата. Во март започнуваме со квалификациите, не планирам никакви промени, се ќе зависи од резултатите и игрите понатаму“.
- „Не мислам само за враќање на Ристовски и Адеми, туку на сите кои поради нешто не играат за репрезентацијата. Македонија е мала земја, ние мора да ги искористиме сите играчи. Тие двајца се прекрасни луѓе и фудбалери кои играат во Лигата на шампионите. Мора да се разговара со нив, а со разговор за се ќе се најде решение. Интересот на Македонија и на селекцијата е на првото место, а потоа е се останато“, изјави Омерагиќ
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.