Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Одлучено на кој стадион Италија ќе ја пречека Македонија

10 декември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Иако голем дел од важните дуели италијанската репрезентација најчесто ги игра во Рим („Олимпико“), Милано („Сан Сиро“) или Торино („Алијанц Јувентус Арена“), за баражот со Македонија, италијанската фудбалска федерација (FIGC) се реши да смени.
  • На 24 март 2022 од 20:45 ќе играме во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“.
  • Палермо веќе одамна не е прволигаш, ниту игра во втората Серија Б, туку е третолигаш во Серија Ц кој има аспирации да влезе во втора лига по стечајот и моментите пред гаснење на клубот пред неколку месеци.
  • „Разговаравме со Манчини (селекторот на Италија) и го одбравме Палермо. Сакаме да градиме и да почнеме од сега, еден важен настан кој ќе го инволвира градот Палермо и Италија. Имаме намера да завршиме една прекрасна сезона која кулминираше со победа на Европското“, изјавил претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габреиеле Гравина.
  • Интересно, Италија на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо има учинок од 13 победи, 1 нерешена и само 1 пораз.
  • Главниот град на Сицилија е омилен за Аѕурите кои иако ретко играле таму (15 пати низ историјата), имаат сосема добар учинок. Изгубиле само еднаш и тоа во квалификациите за Евро 1996 од Хрватска (1:2).
  • Последен пат Италија играла на „Ренцо Барбра“ со Ерменија во квалификациите за Евро 2020 (18 ноември 2019) и славеа невозможен триумф од 9:1. Тогаш Аѕурите буквално го прегазија ривалот.
  • Капацитетот на стадионот на Палермо, град кој одамна не гледал добар прволигашки фудбал е 36.000 седечки места но со сегашните препораки за максимум 75% од капацитетот на стадионите во Италија, во март во Палермо мечот ќе може да го следат 27.000 гледачи отприлика.
  • Македонија во моментов е меѓу земјите кои се на црна листа за влез на нивни граѓани во Италија, поради Ковид рестрикциите. Дали до март работите поволно ќе се сменат и нашите фудбалери ќе може да имаат гласна поддршка останува да се види. 
извор

Верон: Нико Паз прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
  • „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
  • „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
  • Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
извор

Од фудбалска школа во Струга, до тренинг со Лукаку и Канте

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
  • Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
  • Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
2

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
3

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
4

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина
5

Американска математика

Канта
6

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Наука
7

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Балканштина
8

Во Делчево веќе ништо не е исто

Македонштина
1

Т'га за Манчестер Јунајтед

Фудбал
2

Што му стана? Дефанзивец на Порто со необјаснив автогол

Фудбал
3

Голманска лудост на денот

Фудбал
4

Нервоза во Битола: Срам да ви е на сите играчи и тренери

Ракомет
5

Проблеми во Баерн, Кејн ги повредил лигаментите

Фудбал
6

Мурињо за Роналдо: „Си ги мијам рацете и не зборувам“

Фудбал
7

Како стојат во Баерн со плати?

Фудбал
8

Есапот на Рафа Бенитез за вредноста на Џерард и Карагер

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Татари не би требало да имаат ваков проблем

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Жените мажи од Албанија

Самракот на цивилизацијата

Орифлеим се оградува од "Мис Бавча"

Отчетно, транспарентно и со плочка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy