Одличната Милијана Рељиќ освои бронза на силниот Г2 Опен во ОАЕ
2 февруари 2026
- Најдобрата македонска таеквондистка, Милијана Рељиќ освои бронзен медал на таеквондо турнирот Фуџурија Г2 Опен во Обединети Арапски Емирати.
- Поради добрата висока ранг позиција, Рељиќ не тргна од првото коло туку од второто. Нашата Мила прво ја победи Ју Јеук Жан од Хонг Конг со 2-0 во рунди, потоа во борбата за бронза ја совлада Олимпијката Нада Ларај од Мароко исто со 2-0 во рунди.
- „Со оваа победа Мила ја докажа светската и олимписката класа дека може да победи која било противничка на планетава. Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила, повторно истегна мускул и поради повреда мораше да ја предаде борбата. Како и да е, ова се нови високи 7.20 поени за олимписката и светската ранкинг листа. Мила фуриозно ја почнува оваа сезона со БРОНЗЕН медал на еден од најсилните турнири во Азија“, објаснува нејзиниот тренер Александар Ефтимов.
- Тој изрази и огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски кој во целост ги покрил сите финансиски трошоци за овој турнир за Фуџарија и за следниот натпревар во Инсбрук, Австрија.