- Со 1,5 милиони евра по сезона, колку неговиот репрезентативен колега Елиф Елмас во Наполи, Енис Барди е меѓу најплатените македонски фудбалери во моментов.
- Неделно тоа му доаѓа 29.000 евра, што е фантазија за македонски услови, но далеку од пример како Герет Бејл кој грее клупа, а кериша 87.000 евра неделно.
- Најплатен македонски фудбалер е Џани Алиоски кој во Саудиска Арабија во тимот на Ал Ахли, замина за плата од 2,5 милиони по сезона.
- Кутриот белгиски тенисер Александер Блокс бил приморан да го предаде натпреварот од 2. коло на Ролан Гарос против Алекс Де Минор кој без борба оди понатаму.
- Причина за ова била бизарната повреда на скочниот зглоб која 21-годишниот Блокс ја заработил на церадата поставена на крајот од теренот која била свиткана и спремна во случај на дожд да се развие по теренот.
- Пред неколку години и Белгиецот Давид Гофан се повредил на ист начин, скочен зглоб по незгодно газење на церадата. Неколку други тенисери исто изразиле загриженост за опасноста која тие церади ја носат покрај теренот.
- Блокс во моментов е 36. на АТП ранг листата. Висок е 1.92 сантиметри и важи за еден од највисоките тенисери на турот.
- Франк Лампард е избран за најдобар тренер на годината во изборот на Асоцијацијата на тренери во Англија (LMA). Лампард го добива признанието наречено по големиот Сер Алекс Фергусон. Кандидати за оваа престижна награда беа уште и Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Микел Артета (Арсенал), Унаи Емери (Астон Вила), Андони Ираола (Борнмут), Кит Ендрјус (Брентфорд), Мајкл Скубала (Линколн) и Енди Вудман (Бромли)
- Некогашниот капитен на Челси го одведе сезонава Ковентри од втора лига во Премиер лига и тоа на убедлив начин. Беше прогласен и за тренер на сезоната во Чемпионшип. Ковентри се враќа во Премиер лига првпат после 2001 година.