- Аргентинскиот фудбалер од среден ред Енцо Фернандез е нов фудбалер на Манчестер Сити кој за него на Челси му плати 145 милиони евра! Тоа е нов најскапо платен трансфер во историјата на англискиот фудбал.
- Интересно Енцо Фернандез веќе го држеше рекордот за најскапо платен фудбалер на некој англиски клуб откако од Бенфика премина во Челси за 125 милиони евра во 2023-та година.
- Манчестер Сити летово заработи 350 милиони евра од продажба на фудбалери а потроши 534 милиони евра.
- Сити летово урна неколку рекорди на најскапи засилувања. Пред Енцо Фернандез потрошија 134 милиони евра за Елиот Андерсон од Нотингем Форест. Ги продадоа Тијани Рејндерс во Ал Кадси за 60 милиони евра, Родри во Барселона за 75 милиони евра, Нико Гонзлаес во Њукасл за 60 милиони евра, Савињо во Тотенхем за 86 милиони евра а наскоро би можеле да го продадат и Омар Мармуш.
- Од друга страна искешираа огромни суми за Енцо Фернандез (145 милиони евра), Елиот Андерсон (134 милиони евра), 18-годишниот Ајуб Буади од Лил за 100 милиони евра, Алан Елиас од Бразил за 39 милиони евра и Џереми Монгу и голманот Херонимо Руљи.
- 33-годишниот Златко Трипиќ кој е роден во Ријека но од '90-те години со неговите се преселил во Норвешка, целата своја кариера ја поминува во Скандинавија, со мали излети во Гројтер Фурт во Германија и Ѓезтепе во Турција.
- Тој е најзаслужен што Викинг влезе во Лига на шампиони затоа што даде гол против Динамо Загреб во плејофот за пласман во елитното друштво и ги исфрли „модрите“ со неколку асистенции во двата натпревари.
- Против Баерн Минхен синоќа намести два гола и го „намести“ Мајкл Олисе да добие црвен картон зошто Французинот испровоциран го удри со топка во лице откако веќе секунда претходно доби прв жолт картон.
- „Трипиќ играше како расипник! Сакаше да победи по секоја цена, наседнавме на неговите провокации и за жал го доби тоа што го сакаше. Дали клубот ќе го казни Олисе? Ќе видиме, ќе разговараме кога ќе се оладат главите“, вели Макс Еберл спортскиот директор на Баерн Минхен.
- А Хари Кејн за Трипиќ рекол „дека е лукав играч кој сака да се влечка по теренот и да троши време“.
- „Така кажал? Супер! И тој е неверојатен во сето тоа и знае колку лукавство е потребно. Успеавме да му влеземе под кожа на Олисе. Кога го исклучија повеќето играчи на Баерн почнаа да ми викаат и да ми пцујат се по список. После сè што се случи не се усудив да влезам во нивната соблекувална да побарам дрес. Сјајно е што таков играч кој еден ден сигурно ќе ја освои Златната топка, се нервира поради дечко од Офтебро и Лингдал“, вели Златко Трипиќ кој се гордее како ги навлекол и провоцирал Баварците.
- Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
- Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
- На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.