- Во ек на политичките борби за превласт во Молдавија, тамошната претседателка Маја Санду пред неколку дена изјавила дека „постоеле обиди за дестабилизација во државата и минатата есен и сега, кога наводно диверзанти со воена обука камуфлирани во цивили би требало да извршат насилни акции“.
- За ова, Санду ја обвини Русија, а тамошните провладини медиуми ги споменувале и Белорусија, Србија и Црна Гора, иако за тоа не извадиле никакви докази.
- Како малер по навивачите на Партизан, нивниот сакан клуб во 1/8 финале од Лига Конференции игра во Молдавија во четврток, против Шериф Тираспол. Од таа причина 12 навивачи на белградскиот клуб меѓу кои и четири девојки, прво биле долго држени на аеродромот, а потоа депортирани, без никаква причина и објаснување.
- Од клубот соопштиле уште и дека Фудбалскиот сојуз на Молдавија, на барање на тамошните безбедносни служби решил мечот меѓу Шериф Тираспол и Партизан Белград да се одигра зад затворени врати односно без присуство на публика.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.