Неверојатниот Митро го однесе Фулам во Премиер лига
20 април 2022
- Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ со нови два гола му донесе нов триумф на Фулам. Со победата од 3:0 над Престон Норт Енд, Фулам и теоретски осигура едно од двете места кое директно водат во Премиер лига.
- Фулам веќе стигна до огромни 82 освоени бода на 42 меча, а најзаслужен за враќањето во богатата елита е Александар Митровиќ кој на своето конто веќе има надреални 40 гола во англискиот Чемпионшип!
- Митровиќ постави рекорд кој тешко дека некој ќе го достигне во скоро време а со неговите голови Фулам веќе трет пат низ годиниве се враќа во Премиер лига.