- Организаторите на светски познатиот настан „Најсилна жена на светот“(Official Strongman Games) во САД дознале дека за најсилна жена прогласиле трансродна жена Џејми Букер која била родена како биолошки маж, преку експлицитни видеа од еден сајт за возрасни, пишува Њујорк Пост.
- Целата приказна ја открила второпласираната најсилна жена на турнирот која на крајот била прогласена за прва и ѝ била доделена наградата. На измамникот му бил даден рок од 24 часа да се огласи, да одговори на прашањето со да или не, да докаже спротивно, но не добиле никаков одговор.
- Организаторите ѝ ја (или му ја одзеле) титулата на Букер откако биле откриени шокантни видеа и било докажано дека тој ги прекршил правата на натпреварувањето дека атлетите мора да се натпреваруваат во категорија соодветна на нивниот биолошки пол.
- Второпласираната Андреа Томсон (43) на крај била прогласена за најсилна жена на светот. Таа на Дејли Мејл во вторникот му раскажала дека станале свесни за измамата на Букер во понеделникот кога почнале да кружат видеа на кое се гледа дека тоа е маж.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.