- Новиот фудбалер на Интер Мајами во МЛС лигата во САД, во интервју за кинескиот Титан Спортс изјавил дека нема да игра на Мундијалот 2026 кој ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.
- 35-годишниот Лионел пред неколку дена реши да замине од ПСЖ со кого му истече договорот и да продолжи во САД каде ќе игра за Интер Мајами. На прашањето за можноста да игра на Светско 2026 рекол: „Ова беше мое последно Светско првенство. Ќе видам како ќе одат работите, но во прицип не, нема да играм на следното Светско, но би сакал да бидам тука да гледам а не да учествувам“.
- Постои претпоставка дека Лео ќе игра на Копа Америка за последен пат следната 2024-та кога „гаучосите“ ќе ја бранат титулата освоена во Бразил
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.