- Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го направи трансферот на кариерата и од Рајо Ваљекано се пресели во далеку поголемиот клуб Валенсија.
- Некогашниот гигант од „Местаља“ ги препозна маестралните партии на Димитриевски во изминатите неколку сезони во шпанскиот фудбал и го доведе во своите редови.
- Но во исто време еден од најдобрите голмани на Еуро2024 и еден од најдобрите голмани во шпанска Ла Лига, Грузиецот Мамардашвили и натаму е член на Валенсија. Ливерпул, пишува познатиот трансфер стручњак Фабрицио Романо, за грузискиот голман платил 35 милиони евра, договорот е речиси готов а Мамардашвили ќе остане уште една сезона на позајмица во Валенсија. Зошто и како никој не знае.
- Во саботата околу пладне, српски рекреативен алпинист паднал при искачување на карпите над реката Вардар во кањонот кај Демир Капија. Тој бил дел од група од седум алпинисти од Србија, кои практикувале спортско качување по стрмните карпести гребени, кога се случила несреќата.
- За драматичниот настан кажуваат и други српски туристи, кои вчера биле во кањонот на Вардар кај Демир Капија.
- „Пријде група за искачување, исто така од Србија, и побара полесна рута. Им ги предложив насоките ‘Полжав‘ и ‘Тулумба‘, а потоа ги оставив. Јас со сопругата се искачувавме по друга насока. Тие се одлучија за ‘Полжав‘ и тргнаа во две групи од по три лица. По еден час слушнавме повици за помош. Се упативме кон нив, а пристигна и член на АК ‘Велес ин‘, планинарот Бобо, кој храбро се искачи до повредениот Цобе и го симна. Таму веќе беа припадниците на специјалната единица ‘Волци‘, кои започнаа постапка за негово пренесување преку Вардар. Повредениот имаше најмалку две тешки повреди, отворени скршеници на ногата“, вели српскиот турист очевидец.
- Од карпите, каде што повредениот висел на јаже на височина од околу 20 метри, го спасувал и велешкиот алпинист Слободан Бобо Димовски, кој во тој момент исто така бил на искачување.
- „Околу пладне слушнавме врисоци, лелеци и повици за помош. Веднаш се упатив кон местото од каде што доаѓаа повиците. Видов дека човек виси на јаже и дека има обилно крвавење. Се искачив до него и го симнав на земја. Побаравме помош од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и побаравме да биде испратен хеликоптер, бидејќи се наоѓавме од другата страна на Вардар и немаше можност повредениот да биде пренесен преку реката. Тој беше во тешка состојба. Имавме среќа што тој ден припадниците на армиската специјална единица ‘Волци‘ имаа тренинг во близина. Тие беа на истата, левата страна од реката, каде што не можеше да пристапи лекар. Припадниците на единицата пристигнаа, му укажаа прва помош и го имобилизираа. Потоа со јаже го префрлија преку реката, каде што го чекаше екипа на Итната медицинска помош“, вели Димовски.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.