Фото: Epa Images
- Италијанскиот шампион не се шегува. Наполи прво по освоеното шампионско скудето седна на маса и се договори со тренерот Конте. Неколку дена траеа преговорите со строгиот газда Аурелио Де Лаурентис кој ветил дека ќе му ги исполни сите желби. И веќе му ги исполнува.
- Наполи летово ги донесе сјајниот Кевин Де Брујне, одличниот крилен напаѓач на ПСВ Ајндховен и белгиската репрезентација Ноа Ланг (25 милиони евра), стоперот Сам Беукема (Холанѓанец од Болоња за 31 милион евра плус 3 милиони евра од евентуални бонуси) и високиот шпиц на Удинезе Лоренцо Лука (позајмица со право на откуп за околу 35 милиони евра вклучително со бонуси).
- Лоренцо Лука е висок 2.01 метар и важи за највисок центарфор во Серија А. И покрај висината, го краси одлична техника со топка. Досега во прва лига има дадено 20 гола со 6 асистенции на 70 меча а има и 5 настапи за Италија. Ќе биде топ играч за нападот со Ромелу Лукаку.
- Наполи крена раце од Дарвин Нуњез за кого нудеа 50 а Ливерпул барал астрономски 70 милиони евра.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.