Најдобрите тенисери на светот ќе играат во Саудиска Арабија, победникот ќе земе 6 милиони долари
14 октомври 2025
- Пет од шестмината најдобри тенисери на светската АТП ранг листа од 15-ти до 18-ти октомври ќе играат на турнирот „Кралеви на тенисот“ во Ријад, Саудиска Арабија.
- Таму ќе настапат првиот на светската АТП листа Карлос Алкараз, вториот Јаник Синер, третиот Александар Зверев, легендарниот Новак Ѓоковиќ, четвртиот Тајлор Фриц и финалистот од два Грен слема Стефанос Циципас кој влезе да игра наместо повредениот Џек Дрејпер.
- Ова е второ издание на турнирот „Шест кралеви“ кој ќе се игра во формат од три сета. Лани Синер го победи Алкараз во големото финале. Натпреварите ќе ги пренесува Нетфликс. Турнирот ќе се игра во сала која има капацитет од 8.000 гледачи а победникот на крај ќе се врати дома во Европа со шест милиони долари на сметка!