- Одлични вести ни доаѓаат од спортскиот медиумски гигант Арена спорт кој од јануари месец најавува големи промени.
- Пет канали ќе одат на македонски јазик и пет на албански, стои во изјавата на извршниот директор на Арена ченелс групацијата, Небојша Жугиќ.
- Тоа значи дека наши коментатори ќе бидат ангажирани за италијанско, шпанско, англиско, Лига на шампиони, НБА, ракомет и сè она што оди на најбогатата и најгледана спортска телевизија во нашиот регион.
- Светскиот рекет број 1 Јаник Синер денес преку видео порака на своите налози објави дека ја завршува сезоната предвреме. Причина за тоа е желбата да се опорави во целост од повредите.
- „Јас, заедно со лекарите решивме дека ми е потребен третман на коленото што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Последните неколку години особено завршницата во Торино ми дадоа толку многу убави чувства и емоции кои годинава ќе бидат поинакви.
- Но во моментов размислувам и за мојата долгорочна кариера. Ќе направам се што е можно да се вратам 100% подготовен. Ви благодарам однапред за вашата поддршка и се надевам дека ќе ве видам многу, многу скоро пак на теренот“, рече Синер.
- Италијанецот сезонава доминираше и освои дури пет Мастерси во низа: Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим и Мадрид. Освои и Гренд слем титула на Вимблдон, а поради повреда изгуби од Серундоло на Ролан Гарос во Париз.
- Беира Салифоска, позната како Беки, уште еднаш покажа дека со упорност, поддршка и силна волја можат да се поместуваат личните граници. Заедно со својот асистент, таа успешно ги истрча сите 21 километар на Wizz Air Скопскиот маратон.
- Беира е лице со целосно оштетен вид од раѓање, а нејзиниот настап на полумаратонската дистанца претставува голем личен подвиг. Пред неколку години таа веќе беше дел од Скопскиот маратон, кога успешно ја заврши трката на 5 километри. Овојпат предизвикот беше повеќе од четирипати подолг.
- „21 километар храброст, сила и инспирација! „Горди сме на тебе, Беира! Ти си вистинска инспирација“, објавија од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје.