- Утрово британските медиуми соопштија дека фудбалерот на Челси и украински репрезентативец Михаил Мудрик бил позитивен на допинг тест. На тест му е пронајдена забранета супстанца во октомври месец. Се очекува дека во најскоро време ќе му биде соопштена казната.
- Мудрик сезонава и не играше многу за Челси во Премиер лига, пред сè поради огромната конкуренција и големиот фонд на играчи во Челси (одигра 151 минута во Премиер без гол и асистенции). Во Лига Конференции одиграл 360 минути, дал 3 гола и има 1 асистенција.
- Украинецот не настапил за Челси од 28-ми ноември кога одиграл цел натпревар во триумфот со германски Хајденхајм (0:2). Од тогаш пропуштил четири меча за Сините кои за 23-годишниот Мудрик потрошија100 милиони евра за трансфер од Шахтјор Доњецк. Договорот со Челси му е до 2031-ва година.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.