- Само ќе истакнам еден момент на Хрватска, кога Борна Соса и Матео Ковачиќ испаднаа, а Гвардиол остана сам, Перишиќ истрча 80 метри за да покрие, што само покажува дека сите гинат за тимот, сите се во функција на тимот.
- Ако го посочив Далиќ дека одлично ја водеше Хрватска, од друга страна многу лошо од Драган Стојковиќ-Пикси како ја водеше Србија. Недозволиво е да водиш 3-1 и да примиш два гола од контранапади, да играш непотребно висок пресинг, дефанзивата да стои така високо. Пикси мораше да реагира со измени, пред сè со Митровиќ и да го сведе мечот кон крајот.
- Тоа што за пласман решава гол-разликата, а не меѓусебниот дуел нема спортска логика, ама тие се правилата и можеби ова е за да гледаме многу повеќе офанзивен фудбал, а помалку калкулации.
- Роналдо не заслужува никаков коментар - да не дадеш гол, а да се радуваш дека си го дал... Преголемо его! Златан Ибрахимовиќ убаво му одговори каков човек е!
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.