Миркуловски стана селектор
18 март 2026
- Еден од најдобрите македонски ракометари во историјата, Филип Миркуловски, почнува нова епизода, откако денеска беше назначен за селектор на новоформираната репрезентација за играчи до 13 години.
- На популарниот Жути, кој веќе има функција како спортски координатор на сите национални селекции, му е доверена работата со убедливо најмладите, со цел прв да ги обликува талентите и подоцна да им ги проследува на своите колеги.
- Формирана е и селекција за играчи до 15 години, која ќе ја предводи Никола Матлиески.