Милевски: Не ме изненади Казахстан, немавме доволно информации за да ги анализираме
14 октомври 2025
- „Што би променил сега после натпреварот? Старната формација и некои играчи. Не ме изненади Казахстан, но немавме доволно информации за да ги анализираме, се обидовме да играме во формацијата во која започнавме, но не успеавме, брзо ја променивме и продолживме.
- „Влеговме малку нервозно во натпреварот. Таа нервоза е резултат и од напорот од мечот со Белгија, не би рекол од важноста на мечот, сите се важни. Првото полувреме изгубивме и доста дуели, тие втори топки, но реакцијата на играчите во вториот дел беше таква каква што требаше да биде. Им честитам на моите фудбалери за сето тоа што го покажуваат во овие квалификации, немам никаква замерка'.
- „Со изданието во вториот дел заслуживме победа, но фудбалот е таков. Казахстан одигра добар натпревар, тоа е квалитетен тим. Мислам дека бевме поблиску до победа, но не успеавме“, вели селекторот, Боби Милевски