- Светскиот шампион со Аргентина, по сè изгледа за неколку недели ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во нов клуб.
- Арапски извори пишуваат, а француски пренесуваат дека Лионел Меси е на прагот од потпис на астрономски договор вреден повеќе од 500 милиони долари со саудискиот клуб Ал Хилал.
- На овој начин, клубот којшто е актуелен лидер во фудбалското првенство на Саудиска Арабија, сака да му возврати на ривалот Ал Наср за кого под екстремно богат договор игра Кристијано Роналдо.
- 35-годишниот Меси наскоро треба да се пресели во Саудиска Арабија а Дејли Мел пишува дека неговата сопруга не била баш расположена за таква селидба.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.